ДУРИ 30 % ОД ПРОМЕТОТ ВО ДРЖАВАТА СЕ ОДВИВА НА ЦРНО.

јули 04 18:32 2018

Дури 30 % од прометот во државата се одвива на црно. Една третина од т.н. економски импут отпаѓа на „сивата зона“. Ова се резултати од анализите на Стопанската комора кои беа презентирани денес.

Градежништвото, земјоделството, туризмот и угостителството се гранките во кои е најзастапена сивата економија:

  • Луѓето менуваат локации и ја работат истата работа како и претходно, но не работат регистрирано затоа што гледаат дека оние кои што воопшто не се регистрирани во системот поминуваат полесно. Не се проблем во нашата економија оние што се дерегистрирани, тие се само последица – проблем се тие што работат воопшто и без да се регистрираат, изјави Даниела Арсовска, претседател на ССК.

Анализи за утврдување на причините се уште се прават, но меѓу најголемите „виновници“ се слабите инспекциски контроли:

  • Да се утврдат заеднички причините. Се разбира дека треба да има јаки инспекциски контроли, но исто така и од ваша страна да има кооперативност со тие инспекциски органи, да им укажувате на општи состојби, системски тоа е се во ред, но и на конкретни примери, кажа Зоран Шапуриќ, министер без ресор.

Според последните анализи на Светска банка, дури 55,5 отсто од компаниите се борат против нерегистрирани фирми, што ја става Македонија на лидерското место во регионот во борбата со нелојалната конкуренција.

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.