Државата нема механизми за заштита на семејното насилство. Жртвите траат и трпат.

април 28 17:06 2018

Државата нема механизми за заштита на семејното насилство. Жртвите траат и трпат или ги повлекуваат поднесените пријави, зашто немаат доволно  доверба во системот. Ова е заклучок на Националната мрежа против насилство врз жените, жртви на семејно насилство.

Како потврда, тие ја потенцираа состојбата со недостиг на т.н. шелтер центри. Кај нас ги има одвај четири, додека светските стандарди се по еден центар на 10.000 жители. Во исто време, згрижувањето на жртвите кај нас  е одвај шест месеци, период по кои тие не добиваат ништо:

  • Имаме малку згрижувачки центри, а и таму жените на добиваат помош за да можат самостојно да продолжат со животот по излегувањето, кажа Наташа Димитровска , Националната мрежа против насилство врз жените.

Токму и поради ова, жртвите или молчат или бегата и од нсасилникот и од државата:

  • Голем е бројот на случеи кога во прашање се потешки форми на насилство , во кои жените го напуштаат не само семејството, туку и се иселуваат во странство, кажа Димитровска.

Само во изминатите две недели, во СВР Штип има поднесено три пријави за семејно насилство. Една во Штип и две во Виница. Во сите три случаи жртви се сопруги, а насилници мажите. Во Штип, жената е прободена со нож во ногата, а во еден од виничките случаи таа безмислосно е тепана со ѓезве.

Последен пат ќотек по дома, 38-годишна штипјанка приваи вчера, откако сопругот ја претепал со гуменои црево, по што таа се обидела да стави крај на својот живот.

Напорите на лекарите ја спасиле, но таа ќе остане на лекување поради нанесените повреди. Сепак, прашање е дали таа и другите  жртвите ќе поднесат и официјални тужби.

  • Во текот на 2017 г. се поднесени 54 кривични пријави за сторени 54 криивчни дела „нанесување телесна повреда при вршење на семејно насилство. Од почетокот на оваа година се поднесени 11 кривични пријави за сторени 11 криивчни дела „нанесување телесна повреда при вршење на семејно насилство, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Најчести жртви се сопругите, а веднаш по нив и родителите.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.