Државата им ја враќа зелената нафта на земјоделците.

Државата им ја враќа зелената нафта на земјоделците.
март 31 20:45 2018

Oд понеделник, влегуваат во собраниска процедура измените на Законот за земјоделие и рурален развој, кои ја вклучуваат и мерката зелена поефтина нафта за земјоделците :
Тоа ќе се имплементира преку нови зелени карти коишто ќе ги добијат земјоделците и на коишто ќе имаат средства што ќе ги користат за поевтина земјоделска механизација, кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

Мерката е дел од напорите на Министерството за олеснување на земјоделското производство и подобрување на стандардот на земјоделецот.

Според Николовски, последните 10 месеци работа на институциите од областа на земјоделието, резултирале со зголемување на платите во овој сектор за 12,75% :
Најновите податоци од денес од Министерството за финансии покажуваат дека платата во овој сектор во месец јануари 2017-та била 16.700 денари, а во истиот месец оваа година била 18.800 денари, истакна Николовски.

Николовски од Штип истакна дека сувенциите на земјоделците се исплаќаат навреме, а во моментов се работи на завршување на процесот за исплата на штетите од пролетните мразеви, за кои на ниво на држава има поднесено 16.000 барања :
Никој финансиски не може да процени колку е штетата, имаме оштетување од 50% – 100%. Сега земјоделците чекаат обештетување, кажа Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.

Oва и многу други тековни прашања и проблеми денес земјоделците лично му ги кажаа на министерот Николовски при средбата во Штип.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.