ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БЕРОВО ЌЕ ДОБИЕ СОПСТВЕНА КУЈНА

ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БЕРОВО ЌЕ ДОБИЕ СОПСТВЕНА КУЈНА
февруари 23 13:27 2022

Во тек се градежните активности, за изградба на нов објект, кујна во Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки” во Берово, кој има капацитет од 39 места, за корисници.

Новиот објект, ќе биде наменет за сопствена кујна, преку која корисниците ќе добиваат топли оброци.

Сметаме дека со реконструкција на објектот и намена за кујна, установата ќе ги унапреди условите за престој  на корисниците. Веќе подолго време планираме и конечно се реализира овој проект, кој се надеваме дека ќе биде на задоволство на нашите коирисници а воедно ќе овозможи дополнителни работни места во установата, но се надевам и дополнителни социјални услуги-истакна градоначалникот Пекевски.

Домот за стари лица во Берово е единствената установа од ваков тип во источниот регион и унапредувањето на услугите во установата, е од големо значење за населението од источниот регион.

Во изминатиот период во установата е зголемен капацитетот, парково и урбано е уреден дворниот простор, со што во установата секојдневно се работи на подобрување на условите за престој на корисниците.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.