ДОДЕЛЕНИ СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ ОД АМС: ОФК МАЛЕШ ДОБИ 400.000 ДЕНАРИ

ДОДЕЛЕНИ СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ ОД АМС: ОФК МАЛЕШ ДОБИ 400.000 ДЕНАРИ
февруари 11 19:41 2022

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата со спортските клубови, индивидуални спортисти и федерации кои добиваат ваучери, а кои може да ги искористат за добивање средства од даночните обврзници во земјава. Распределбата на средствата е различен, во зависност од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреваруање, меѓународни натпреварувања, бројот на репрезентативци итн.

Беровскиот фудбалски клуб ОФК „Малеш“ кој настапува во третата Македонска лига Исток, доби вредносен ваучер во висина од 400.000 денари.

Исто така и пинпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, кој е најбрзорастечки клуб во државата со врвни таленти и резултати, ќе добие од АМС спортски ваучер во вредност од 150.000 денари.

Ракометнио клуб Вардар доби најголем ваучер за 2022 година, сумата е 17,5 милиони, а зад него е Еурофарм Пелистер со 16,5 милиони денари.

Во кошарката МЗТ Скопје доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони, пред Работнички со 10,8 милиони денари.

Во фудбалот најголеми суми добија Шкендија, 10,8 милиони денари, Шкупи и Струга Трим Лум по идентични 9.850.000 денари.

Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови: 

Листа на спортски клубови кои добија ваучери.

Листа на спортисти кои добија ваучери.

Листа на федерации кои добија ваучери.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.