Доделени наградите од ликовниот конкурс ,,Штедиме и пречистуваме вода-потребна ни е за во иднина”

Доделени наградите од ликовниот конкурс ,,Штедиме и пречистуваме вода-потребна ни е за во иднина”
март 22 22:25 2021

По повод Светскиот ден на водите, денеска, се доделени наградите на учесниците на ликовниот конкурс, на тема ,,Штедиме и пречистуваме вода-потребна ни е за во иднина”.
Конкурсот е организиран, во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада, а во соработка со јавните комунални претпријатија од Берово и Пехчево.
Наградите ги доделија претставникот од проектната единица Јулија Лапевска и директорот на ЈПКР ,,Услуга”, Илија Рунтевски, а наградени беа учениците Глорија Муртовска и Харис Чиндаров.

Како што истакна претставникот од проектната единица, целта на оваа активност, во рамките на проектот, е децата да се учат уште од мали нозе, како правилно да се управува со водата, да научат како водата се реупотребува и да бидат свесни за значењето на пречистувањето за отпадни води, кое нешто во Берово е овозможено преку пречистителната станица, изградена со средства од Швајцарската Влада.

  Категории: