ДОДЕКА БЕРОВО БРОИ ЖРТВИ ОД КОВИД 19 ВИРУСОТ, ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ СЕУШТЕ НЕ Е ЗАПОЧНАТА.

ДОДЕКА БЕРОВО БРОИ ЖРТВИ ОД КОВИД 19 ВИРУСОТ, ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ СЕУШТЕ НЕ Е ЗАПОЧНАТА.
април 11 12:40 2021

Додека имунизацијата во сите градови во Македонија се спроведува веќе недела дена, Берово е единственото место каде сеуште граѓаните ја немаат можноста да се вакцинираат од Ковид 19 вирусот.Состојбата со бројот на заразени во Берово е загрижувачка, вакцини се уште нема , а исто така и ново избраната директорка сеуште не е достапна за медиумите за да ги информираме граѓаните кога ќе започне процесот на вакцинација во Берово.

Информацијата за состојбата со вакцинацијата пред два дена која што ја даде градоначалникот Звонко Пекевски за телевизијата Телма и неговата изјава дека дел од вакцините наменети за Берово се доставени во Здравниот до во Пехчево, каде Беровчани се вакцинираат, е неточна.

Можеме да потврдиме дека сеуште сто дози од вакцината „Астра Зенека“ се наоѓаат во Виница а информацијата ни ја потврди директорот на Здравниот Дом во Виница кој ни одговори дека сеуште нема најавено кога ќе бидат земени вакцините.

Дали директорката на Здравниот Дом во Берово, на која службениот телефон и е исклучен , за разлика од нејзините колеги директори во другите здравни домови во соседните градови кои 24 часа одговорно и културно се допстапни за секаков вид на информација во служба на граѓаните, го информира градоначалникот со овие информации или пак градоначалникот ја штити директорката која изгледа не знае да менаџира со здравствената институција останува таа самата да ни објасни, бидејќи сепак ние граѓаните ја плаќаме и пред се се работи за јавното здравје на сите нас.

Според наши извори имунизацијата на граѓаните во Берово можеше да се спроведе уште од почетокот на вакцинацијата во државата и покрај позитивните случаи на Ковид 19 на неколку лица од медицинскиот персонал во Здравниот дом во Берово, меѓу кои и самата директорка која веќе не е во изолација.

Исто така во контактот со другите здравствените установи во соседните градови, не инфромираа дека се спремни да помогнат и со медицински персонал со цел навремено да започне вакцинирањето во Берово, но никој од нив не го побарал тоа.

Во Пехчево пак процесот на имунизација се одвива без никакви проблеми.Пехчевскиот здравен дом потрошили 60 вакцини до сега од добиените сто дози, а веќе од утре ја очекуваат и втората пратка која треба да пристигне во Пехчево.Со цел побрзо имунизирање на населението, Здравниот дом во Пехчево го зголемува тимот на вакцинирање со вклучување на персонал и од Итната медицинска помош. Оклу 15 граѓани од Берово над 77 години, досега се вакцинирале во Здравниот Дом во Пехчево, а како што не информира директорката, Беровчани се јавуваат за да закажат за имунизација.

Досега од почетокот на пандемијата во Берово се регистрирани 939 случаи со Ковид 19, а моментално активни се 139 позитивни.Вчера во нашиот град почина уште едно лице, како последица на корона вирусот, со што бројката на починати се искачи на 29.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.