ДИК ГО УТВРДИ РЕДОСЛЕДОТ НА КАНДИДАТИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2021

ДИК ГО УТВРДИ РЕДОСЛЕДОТ НА КАНДИДАТИ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2021
септември 21 16:02 2021

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје. 

1.Алијанса за Албанците

2.Алијанса за Албанците и Алтернатива

3.Алтернатива

4. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“

5. ВМРО Народна партија

6. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)

7.Движење БЕСА

8. Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ)

9. Демократска партија на Албанците (ДПА)

10. Демократска унија за интеграција (ДУИ)

11. Демократска партија на Турците на Македонија

12. Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ

13. Коалиција „Сите заедно“ – ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива

14. Левица

15. Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ)

16. СДСМ

Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19, седницата на која се одржа жрепката се одржа без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во рамки на седницата се одржа и жрепка за доделувањето локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање.

Членовите на ДИК ги разгледаа и усвоија: записниците од 22. и 23. седница, политиката за воспоставување систем на заштита на личните податоци, правилник за избор и формирање посебни избирачки одбори.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.