ДЕМАНТ НА ОО СДСМ БЕРОВО ПО ВЧЕРАШНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД ОК ВМРО ДПМНЕ ЗА ОПОЖАРЕНАТА ГРАДСКА ДЕПОНИЈА.

ДЕМАНТ НА ОО СДСМ БЕРОВО ПО ВЧЕРАШНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД ОК ВМРО ДПМНЕ ЗА ОПОЖАРЕНАТА ГРАДСКА ДЕПОНИЈА.
јули 16 13:24 2021

Почитувани сограѓани,

Најостро ги демантираме обвинувањата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Берово,преку порталот maleshnet.mk, за наводното намерно палење на градската депонија ,,заради партиски војни меѓу сдсовските кланови во Берово.”

За разлика од Вас, ние демократски ги решаваме предизвиците,се натпреваруваме на интелектуално ниво,а рејтингот на нашите кандидати се мери со анкети,испитување на јавното мислење,а не примитивно преку палење на депонии и загрозување на квалитетот на животот на граѓаните.Ова за жал е својствено за Вас,па затоа и така размислувате.

За потсетување-еден од столбовите на СДСМ е чиста и здрава животна средина,строга контрола и високи казни за загадувачите,зголемен број на екоинспектори,субвенции и инвестиции во чисти извори на енергија.СДСМ се грижи за воздухот,водите и почвите.Правото на здрава животна средина е основно граѓанско право.

И уште едно потсетување за оние со кратко памтење и ширење на лажни информации: градската депонија гори наназад неколку години,и тогаш кога на власт била опозициската ДПМНЕ,а еве и сега,и тогаш кога немало избори и сега кога се ближат локалните избори.За несреќа ова се случува секогаш летниот период,кога сите треба да бидеме особено претпазливи.

Во врска и со забелешката дека за оваа труење некој треба да понесе одговорност,се согласуваме,но да оставиме надлежните институции да си поднесат одговорност секој во својата надлежност.

Политика во нешто што е од општа опасност за сите не треба да се меша.Воздухот нема да не бира по партиска припадност и идеологија.За сите неиздржани и лажни обвинувања постојат демократски начини на кои ќе се докажуваме пред граѓаните!

Со почит,

ОО СДСМ Берово

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.