ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КЛЕПАЛО ЌЕ СЕ ОТВОРИ ДО КРАЈОТ НА 2020 ГОДИНА.

мај 04 18:05 2018

До крајот на 2020-та ќе се отвори граничниот премин Клепало. До тогаш треба да биде завршен патот кон граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија. Ова синоќа го најави бугарскиот министер за регионални развој и јавни набавки, Николај Нанков.

„Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани. Се надевам дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година да биде отворен нов – четврти, граничен премин со Македонија“, изјави Нанков.

Транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и според првичната оценка, поправката ќе чини околу 10 милиони лева или околу пет милиони евра.

Поправката на делницата ќе започне оваа година и се очекува да заврши во текот на годината. За останатиот дел од трасата се предвидува делумна реконструкција и нова градба, бидејќи има делница без пат со асфалтна подлога, изјави бугарскиот министер и прецизираше дека е потребен нов технички проект, кој ќе биде ставен во буџетот за 2019 година.

 

 

ИЗВОР:Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.