ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „КЛЕПАЛО“ ДОБИ СВОЈА ПЕСНА СО ХИП ХОП РИТАМ.

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „КЛЕПАЛО“ ДОБИ СВОЈА ПЕСНА СО ХИП ХОП РИТАМ.
август 08 13:23 2020

Граничниот премин „Клепало“, кој повеќе од две децении е присутен во предизборните кампањи на политичките гарнитури на власт кои се сменија,сеуште останува желба на секој Беровчанец за негово отворање.Најавата за негово отворање во 2020 година засега не влева надеж,иако беше ветено дека тоа ќе се случи.

Надежта на граѓаните на Берово и соседната бугарска општина Струмјани за профункционирање на граничниот премин е присутна веќе 40 години.

Најновите информации ни доаѓаат од бугарска страна, каде пред неколку дена се пријавиле 12 фирми со понуди во јавните набавки за избор на изведувач за изработка на идејно – техничко решение за завршување на дел од патот Струмјани-граничен премин Клепало во должина од 17 километри.

Претходно од наша страна беше направена рехабилитација и санација на дел од делницата Берово – граничен премин Клепало со вкупна должина од 5,7 километри.Но сеуште не е завршена санацијата на патот до граничниот премин,иако актуелната локална власт се пофали дека е целосно реконструиран.

Препукувањата за Клепало на политичките партии беа присутни и на овие избори, но интересното во последната предизборна кампања е тоа што граничниот премин доби и своја песна со хип-хоп ритам,навистина креативно.

Дали сонот на Малешевци ќе се исполни и ќе стане реалност,или Клепало ќе остане само со оваа нумера,ќе покаже времето.

Да се надеваме дека локалната власт ќе ги засука ракавите и заедно со ново избраната пратеничка во собранието на Македонија,ќе го исполнат конечно даденото ветување, за отворање на граничниот премин до 2020 година, бидејќи редно време е тоа да се случи.

Во продолжение слушнете ја нумерата за граничниот премин Клепало.





  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.