ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД 8 АПРИЛ ДЕНОТ НА РОМИТЕ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД 8 АПРИЛ ДЕНОТ НА РОМИТЕ
април 08 10:34 2022

На сите припадници на ромската заедница, им го честитам денешниот празник 8-ми април-Светскиот ден на Ромите, со искрени желби за многу здравје, среќа, успех и продолжување на соживотот со ромската заедница, како и реализација на уште многу успешни проекти  за подобрување на животот на Ромите.

Во изминатиот период, вложуваме средства за реализација на проекти  од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социо економската положба, олеснување на образновниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што континуирано го подобруваме животот на Ромите во Берово  и овозможуваме елиминација на разликите.

Заедно и сполотено и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта,  едно општество за сите, водени од од големата европска идеја – Обединети во различностите.

Со целосна почит кон припадниците на Ромската етничка заедница, на сите Ви го честитам Меѓународниот ден  на Ромите- 8 април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и посакувам добро здравје, среќа, успех и многу позитивна енергија.

Bahtalo 8 April!

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.