ГЛАСОТ НА МЛАДИТЕ МОРА ДА БИДЕ ВАЖЕН ЗА ОПШТИНИТЕ.

април 25 17:26 2018

Младите да се организираат во младински Совети, за полесно да се слушне нивниот глас. Ова е заклучокот од Регионалната конференција за формирање на младински совети, која се одржа во Виница.

Преку Советите, ќе се застапуваат интересите на младите и ќе се развиваат младински политики, но за нивно формирање, неопходна е поголема поддршка од општините :

  • Сакаме јасно и гласно да порачаме на локалните самоуправи преку своите локални Совети да започнат инцијативи и да донесат одлуки за формирање на младински Совети, изјави Никица Бачовски, Асоцијација за интернационална мобилизација.

Генерално, сите вакви тела треба да се залагаат за специфични цели и области кои ги засегаат младите :

  • Главните насоки на младинските совети треба да биде едукација, спорт, култура, односно рекреативни, забавни и уметнички настани, дополни Бачовски.

Досега, Совет на млади во Источниот Регион има формирано само Штип и истиот работи на проекти за подобрување на животот на младите во општината.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.