ГЕРБЕРИХ:ДНЕВНО 80 МАКЕДОНЦИ АПЛИЦИРААТ ЗА РАБОТНА ВИЗА ВО ГЕРМАНИЈА.

ГЕРБЕРИХ:ДНЕВНО 80 МАКЕДОНЦИ АПЛИЦИРААТ ЗА РАБОТНА ВИЗА ВО ГЕРМАНИЈА.
октомври 05 23:33 2018
 

 

Интервју со германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих

разговарала: Теодора Цветковска

Г-не Герберих, дали сметате дека референдумот беше успешен или неуспешен?

Според моето лично мислење, бројот на гласови кој што беше повеќе од 650.000 илјади, е повеќе од половина од официјалните гласачи во Македонија. Мислам дека оваа земја нема 1.800.000 гласачи, колку што стои во избирачкиот список, кој што не е прочистен уште од 2002 година. Тука не се земени во предвид луѓето кои се иселени, а мислам дека има и околу 300.000 деца.

Како и да е , овој референдум е консултативен, а не обврзувачки. Најважна работа е да се остават во позадина сите досегашни политики, затоа што референдумот е поврзан со иднината на Македонија и им припаѓа на Македонците.

Македонија нема повторно да ја имаа оваа шанса да преговара за влез во ЕУ и НАТО. Предвремени избори се ризични за земјава…

Ова е, сепак, прозорец кој нуди можности. Политичарите во оваа земја постојано зборуваа за ова, но овој пат навистина е единстен излез и прозорец кон посветла иднина. Македонија нема повторно да ја имаа оваа шанса да преговара за влез во ЕУ и НАТО.

Ова не се парламентари избори на кои треба да се гласа за ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, за Зоран Заев или против него, ова е нешто поголемо и е важно за граѓаните и за државата. Иднината на државата зависи од решавањето на спорот со името помеѓу Грција и Македонија кое трае 27 години. Досега немаше храби политичари како Заев и Ципрас кој ќе дојдат до решение кое е компромисно, но може да стави крај на преговорите.

 

Мора да се гледа напред за реформи на системот, за локалниот развој, основните човекови права за сите, подобра борба против корупцијата. Македонија не го прави ова за ЕУ и НАТО, туку за себе. Ова не е борба против СДСМ и ВМРО, тие мора во вакви времиња да работат заедно, па кога ќе дојдат претседателските избори, повторно нека работат во својство на власт и опозиција. Во моментот немаат друг избор и се надевам дека ќе се потрудат да донесат решение во Собранието. Ако тоа не успее следуваат предвремени избори, што е, исто така, ризично за оваа земја.

 

Дали сметате дека единствено решение во овој момент е опозицијата  да соработува со Владата за пронаоѓање заедничко решение?

 

Опозицијата мора да соработува со Владата и заедно да гласаат за иднината на државата. Знам дека е многу тешко и никој не може да предвиди што ќе се случи, можеме да бидеме скептични, но мора да се обидат. Исто така е ризично ако има предвремени избори затоа што никој не знае дали ќе се обезбеди дво-третинско мнозинство во Собранието .

 

Многу македонски граѓани заминуваат на работа во Германија и бараат работна виза. Можете ли да ни кажете која е точната бројка на луѓе кои аплицирале?

 

Во моменот не знам точна бројка на апликанти затоа што не водиме статистика , но знам дека има околу 100.000 илјади Македонци кои живеат во Германија. Дневно има од 70 до 80 апликации за работна виза. За држава со 1.500.000 жители тоа е голема бројка. Можеби не секој ќе добие виза, но 50 луѓе добиваат.

Луѓето мораат да останат во Македонија, затоа што не може да се спроведат реформи ако сите луѓе заминаат во Германија, нели?

 

 

Дали можете да ни кажете за каков профил на луѓе се работи? Дали се тоа сезонски работници?

 

Да, повеќето луѓе работат како сезонски работници, како занаетчии, мајстори. Другиот дел се здравствени работници – лекари и медицински сестри. Кога заминав со сопругата да донирам за болните деца кои се сместени на Клиниката „Мајка Тереза“ сфатив дека има дефицит на кадар. Додека разговарав со лекари од болницата, дознав дека повеќето од нив сакаат да заминат и да работат во Германија. Знам дека е полесно да се најде работа во Германија зата што нашите лекари одат да работат во скандинавските земји, па поголемиот кадар е сочинет од доктори од земјите на Западниот Балкан.

 

Извор: scoop.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.