ВО СРЕДА ПРОТЕСТ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ ВО БЕРОВО.

ВО СРЕДА ПРОТЕСТ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ ВО БЕРОВО.
ноември 30 00:11 2020

ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово, во среда (02.12.2020) со почеток во 18 часот, ќе одржи протест за одбрана на црвените линии кои се последен бедем на нашиот идентитет. Протестот што партијата го најави под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна “ ќе биде со автомобили заради запазување на здравјето и почитување на здравствените протоколи.

Во соопштението стои:

ПРОТЕСТ СЕГА ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА – БЕРОВО
02.12.2020 година (среда) од 18:00 часот, збирно место пред штабот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово
Ве повикуваме на протест за одбрана на црвените линии кои се последен бедем на нашиот идентитет. Да му кажеме НЕ на Заев и да му порачаме дека Македонија нема цена и дека се што е македонско ќе опстои за века.
Протестот заради запазување на здравјето и почитување на здравствените протоколи ќе биде со возила.
Тргнување од 18:00 часот пред штабот преку возење на колоната возила низ целиот град.
Апелираме на учесниците да носат заштитни маски и да се одржува потребното растојание во интерес на здравјето на сите нас.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.