ВО СЕЛО ДВОРИШТЕ ПОСТАВЕНИ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД

ВО СЕЛО ДВОРИШТЕ ПОСТАВЕНИ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД
март 24 15:45 2022

Екипи на ЈКПР „Услуга“ Берово, деновиве поставуваат нови контејнери за комунален отпад, во беровското село Двориште, кои претпријатието ги доби во рамките на проектот за регионално управување со отпадот, финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија.

Со поставување на новите контејнери, ќе се одговори на потребите на граѓаните, но и значително ќе се подобри состојбата со управување со комуналниот отпад, а ќе се превенира и создавање диви депонии.

Во рамките на истиот проект, ЈПКР,,Услуга” неодамна го збогати возниот парк, со специјални камиони за транспорт на смет.
Со имплементацијата на овој регионален проект за управување со отпад, во голема мера ќе се подобри квалитетот на живот, ќе се зајакне заштитата на животната средина и ќе се поттикне локалната и регионалната економија.

  Категории: