ВО ПОЖАР ИЗГОРЕ КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА НА КУЌА ВО СЕЛО МАЧЕВО

ВО ПОЖАР ИЗГОРЕ КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА НА КУЌА ВО СЕЛО МАЧЕВО
јануари 25 21:52 2022

Изгоре кров на куќа полна со сено во село Мачево. Како што информираа од ТППЕ Берово, пожарот бил пријавен во 17:46 часот, а локализиран е по два часа борба со огнената стихија.Во куќата имало и добиток кози кои навремено биле спасени.

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово велат дека интервенирале со две возила и 7 пожарникари.

Пожарот беше пријавен во 17.46 минути,каде интервениравме со 2 возила и 7 пожарникари.Целосно изгоре кровната конструкција на куќа во село Мачево, која беше полна со сено.Внатре имаше и кози кои навремено ги изнесовме, а пожарот го локализиравме во 20,10 часот.Причина за пожарот и материјална штета се непознати“, соопшти Сашко Руменовски командир на ТППЕ Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.