ВО ПЕХЧЕВСКО НЕГРЕВО ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЧЕЛИТЕ

ВО ПЕХЧЕВСКО НЕГРЕВО ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЧЕЛИТЕ
мај 20 15:46 2022

Во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево одбележан Светскиот ден на пчелите. На настанот кој заеднилки го организираа Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Програмата за зачувување на природата присуствуваше Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој рече дека секој во рамки на своите ингеренции и надлежности треба да влијае што повеќе се развие свеста за значењето на пчелите.

-Драго ми e што заедно со градоначалниците од регионот и сите останати гости на покана токму на организаторите денеска заеднички праќаме порака колку е тоа важно да го одбележуваме овој ден и да ја праќаме пораката дека без пчелите нема живот, нема ни природа, нема ништо. Дадовме и ние максимална поддршка во процесот кога пред пет години на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз се покрена оваа иницијатива и мислам дека е добро што еве ја користиме оваа прилика да ги пратиме пораките да секој во рамки на своите ингеренции и надлежности заеднички направиме да што повеќе се развие свеста токму за оваа тема, за развојот на пчеларството, особено битна за развојот тука и во овој регион, рече Николовски.

Мерките и политиките на министерството како што додаде ќе продолжи во насока насока на поддршка за пчеларството. 

-Она што можеме да го видиме низ бројки е дека расте бројот на пчеларите. Ако пример 2012 сме имале околу две илјади апликации за субвенции или регистрирани преку Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска тој број е околу седум илјади одгледувалишта со околу 300 илјади пчелни семејства значајно е и за нас да ги следиме овие трендови и да даваме се поголема поддршка, додаде Николовски.

За Амбасадорот на Словенија, Милан Предан пчеларството сигурно е една од оние области која ги поврзува нашите две држави. 

-Мислам дека и едните и другите сме медена земја каде што пчеларството е развиено. И кај нас како и кај вас во Северна Македонија бројот на пчелари константно расте. Мислам дека овој Светски ден на пчелите не само промоција на пчеларството, на медот и на здравата исхрана, на нашиот однос према природата и затоа секогаш е убаво да се дојде во вакви краеви, еден од најубавите во вашата држава каде навистина се гледа дека за околината се грижат да биде зелена и чиста, рече Предан.

За градоначалникот Александар Китански одбележувањето на овој настан е од огромно значење, затоа што пчелата е најбитниот опрашувач меѓу инсектите и дава огромен придонес во сложените меѓусебно поврзани еко-системи кои овозможуваат соживот на разновидни врсти.

-Знаејќи го значењето на пчелите, ние како локална самоуправа, секогаш ќе се трудиме да го дадеме нашиот максимум во поддршката на вистинските вредности, да им дадеме значителна помош на пчеларските здруженија и огледувачите на пчели и секогаш ќе ги поддржуваме настаните од ваков карактер. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиционален и ќе имаме можност нашата соработка да ја продлабочиме и во иднина, рече Китански.

На настанот свое обраќање имаа и претставници на Програмата за зачувување на природата и здружението Меден Исток кои посочија дека во насока на зачувување на природата реализирани се повеќе активности кои се од огромна бенефит за пчеларите. 

Во рамки на настанот министерот Николовски и амбасадорот Предан засадија медоносни дрвца во дворот на Едукативниот центар, а беа доделени и наградите од Ликовниот и литературниор конкурс по повод Светскиот ден на пчелите.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.