ВО ОПШТИНА БЕРОВО ОДРЖАН СОСТАНОК СО НАДЛЕЖНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ВО ОПШТИНА БЕРОВО ОДРЖАН СОСТАНОК СО НАДЛЕЖНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
април 19 14:15 2022

Во пресрет на летото и новата сезона на заштита од евентуални пожари, вчера во Општина Берово се одржа состанок од сите институции на локално и централно ниво вклучени во процесот на планирање и заштита од пожари. Беа присутни лица од локалните самоуправи и противпожарните единици на Берово, Пехчево, Делчево, Виница, нивните шумски стопанства, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

На состанокот беа разгледани научените лекции и презентирани анализи од минатогодишните пожари на отворен простор што му се случија на нашиот крај.Присутните исто така беа запознаени со моменталната состојба, подготвеноста за претстојната сезона на евентуални пожари 2022 година и направивме преглед на надлежните институции и преземени подготвителни мерки и оперативни планови за заштита од евентуални пожари.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.