ВО БЕРОВО ФОРМИРАН РОМСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА НА РОМИТЕ.

ВО БЕРОВО ФОРМИРАН  РОМСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА НА РОМИТЕ.
февруари 03 18:47 2021

Ромската култура,обичаите како и состојбата на музичарите Роми од Берово во иднина ќе се негуваат преку новоформианиот ромски културен центар „Романо Бијадипе“. Членовите на здружението се реномирани музичари од Малешевскиот крај, а претседател  е  добро познатиот  артист Џељо Дестановски  кој потекнува од овој крај  а како член  е и реномираниот артист Бајса Арифовска .

Како што истакна претедателот на здружението на вчерашниот настан, ова идеја потекнува од нашиот културен амбасадор Мило Дестановски кој работи и живее во Америка, додека потребата формирање на овој кулурен центар ќе има за цел да ја зачува ромската музика, традиција  и култура која во последно време оди во надолна линија.

Ова голема иницијатива е за поздравување додаде Бајса Арифовска, која истакна дека со организација и поттикнување на младите преку фолклорни друштва, обновување на народни носии не само ромски, би придонело за остварување на идеите на музичарите и претставување на ромската богата традиција преку културни настани.

Состојбата на музичарите Роми од Берово кои со пандемијата Ковид се најпогодени, беше поттик за ова иницијатива на Мило Дестановски, која има голем интерес кај граѓаните и во иднина преку легализација на авторски права на нашите музичари како и организирање на најразлични концерти и музички настани, музичарите ќе можат да придонесуваат за сопствен приход и културна афирмација на Малешевското богато музичко поднебје.

Инаку ромскиот културен центар „Романо Бијадипе“  како што е замислено со своите цели, оваа година иако е на почеток, започнува амбициозно да делува  како со оргнизација за прославување на јубилејот од  50 години за светскиот ден на Ромите 8 Април,  така и во областа на културни настани, фестивали и музички работилници.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.