Во Берово, успешно се спроведува услугата ,,Нега и грижа на стари лица во домашни услови”

Во Берово, успешно се спроведува услугата ,,Нега и грижа на стари лица во домашни услови”
април 13 15:48 2022

Старите и изнемоштени лица, во Берово,  добиваат нега, грижа и помош за активностите, кои тие секојдневно ги обавуваат во своето опкружување, во своите домови, преку  успешната имплементација на Проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”.

Проектот се спроведува преку лиценцираниот давател на услугите ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” во Берово, а иститот е финансиран во рамките на Проектите за подобрување на  социјалните услуги преку Министерство за труд и социјална политика, од Светска Банка.

Дваесет обучени  негуватели, сејојдневно се грижат за стари лица на територијата на општина  Берово  и им помагаат на старите лица во домот, во хранење, облекување, набавка на лекови и прехранбени производи, прошетка во околината и се она што им е потребно во извршувањето на нивните секојдневни активности.

Дека услугата успешно е воспоставена и се реализира, говорат завоволните корисници на истата, кои секојдневно го искажуваат подобрувањето на нивниот социјален статус, преку успешно справување со сите предизвици кои ги носи трето доба.

Со Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, се поддржани 19 проекти во 24 општини. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се опфатени околу 900 корисници.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.