ВО БЕРОВО СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА.

ВО БЕРОВО СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА.
декември 17 18:28 2020

Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општинска организација на Црвениот крст од Берово, денес во просториите на полициската станица, спроведоа акција за дарување крв.

Со целосно почитување на мерките за заштитта од Ковид 19 и  овој пат Беровчани како и во годините наназад ја покажаа својата хуманост  и солидарност кон болните и повредените дарувајќи крв.

Во моментот во државата резервите со крв од сите крвни групи се на високо ниво, а пандемијата за разлика од другите соседни држави не го намали бројот на крводарители истакнаа од Институтот.

На годишно ниво околу 600 крводарители од Малешевијата ја даруваат скапоцената течност за да спасат нечиј живот, додека се повеќе млади се заинтересирани да даруваат крв.

Дарувањето крв може да се изврши до 64 годишна возраст.

Инаку секој месец се организираат крводарителски акции во Берово и соседно Пехчево, за оваа година ова е последната акција, на која се очекуваат да се соберат околу 40 крвни единици.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.