ВО БЕРОВО ОТВОРЕН САЕМОТ НА КНИГИ ОД ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „САКАМ КНИГИ“

ВО БЕРОВО ОТВОРЕН САЕМОТ НА КНИГИ ОД ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „САКАМ КНИГИ“
јануари 18 16:58 2022

Во рамките на програмските активности во областа на библиотекарството, денес во Дом на културата ,,Димитар Беровски” во библиотеката ,,Народна просвета “, престојува издавачката куќа ,,Сакам книги“ на еднодневен саем на книги.

На саемот се понудени повеќе од 148 наслови за секоја возраст, интерсот е голем а целта е да се доближат читателите до пишаниот збор до книгата.

-Денес во библиотеката „Народна просвета“ во Берово, се издаваќката куќа „Сакам книги“ каде на еднодневниот саем кој заедно го организираме, имаме над 148 наслови на книги.Интересот на Беровчани е голем.Целта ни е да ги приближиме нашите читатели до пишаниот збор, па затоа ги покануваме сите читатели да дојдат да купат книга што е одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени – рече библиотекарот Тања Шенковска.

Беровчани во голем број го посетуваат денешниот саем на книгата задоволни понудата на книги, истакнуваат дека вакви настани се потребни повеќе во Малешевијата.

-Јас и целото мое семејство сме љубители на книгата, па верувам дека ќе избереме некои наслови и ќе ја збогатиме нашата домашна библиотека.Ваквите настани треба повеќе да се организираат во Малешевијата – истакнаа посетители на саемот.

Инаку од градската библиотека „Народна просвета“ во Берово истакнаа дека околу 600 читатели се зачленети во библиотеката, каде доминираат постарата популација, а Беровчани важат за љубители на пшаниот збор и книгата.Големиот успех додаваат од библиотеката се сведува и на100 зачленети читатели од почетокот на оваа година со што очекуваат годинава бројот на членови читатели да биде зголемен.

Саемот на книгата е отворен денес во 9 часот и ќе трае до 18 часот, па затоа ве покануваме да го посетите и да си изберете еден од насловите на прекрасните изданија на книги од издавачката куќа ,,Сакам книги“.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.