ВО БЕРОВО ВАКЦИНИРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ЗАПОЧНА .

ВО БЕРОВО ВАКЦИНИРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ЗАПОЧНА .
април 06 00:02 2021

И денес не започна процесот на вакцинирање на граѓаните во Берово од Ковид 19 вирусот. Причината за тоа е дека сеуште не се пристигнати вакцините во Здравниот Дом во Берово. Планираните 100 дози од вакцината „ Астра Зенека“ наменети за Берово, како што дознаваме, се наоѓаат веќе неколу дена во соседниот град Виница, а дополнителено влијае и неколкумина од медицинскиот персонал кои се во изолација.

И покрај обидите веќе неколку дена да ја добиеме директорката на Здравниот дом, за да ги информираме граѓаните за овој актуелен проблем, не успеавме, па така лично се обративме во здравствената установа од каде ни одговорија:

Во врска со вашата посета денес и барањето на информации кои се однесуваат на вакцинацијата против вирусот COVID 19 сакаме да ве известиме дека правиме се што е во наша моќ вакцинацијата да почне во најкус можен рок. Поради тоа што голем дел од нашите вработени во изминатите недели беа, а и сеуште се во изолација вакцинацијата во нашиот Здравствен дом сеуште не е отпочната. Со кадарот со кој во моментов располагаме со големи напори одговараме на сите итни случаи, а и организирањето на вакцинацијата ни е број еден приоритет – истакнаа од Здравниот дом во Берово.

Беровчани пак кои сакаа да се вакцинираат и денес тоа го сторија во соседно Пехчево. Велат дека ваков недостаток и организираност за вакцинирање во ова време на пандемија претставува сириозен проблем.

Во Пехчево и денес вакцинирањето на граѓаните се одвиваше во најдобар ред од каде не информираа дека вукупно 11 Беровчани се имунизирале од предвидените 20 на ден во Пехчево.

Веќе втор ден продолжува имунизацијата и вакцинирањето на граѓаните во Здравниот дом во Пехчево.Сите заинтересирани пациенти доаѓаат навремено на закажаните термини и вакцинацијата се одвива во најдобар ред. Од Берово имаме 11 пациенти кои ја примија вакцината против Ковид 19. Тука сме да помогнеме за сите и се надевам дека во скоро време и во Берово ќе започне процесот на вакцинација – рече директорката Руменка Станоевска.

Инаку ситуацијата со Ковид пандемијата во Берово не е баш сјајна. Денес се регистрирани 2 позитивни на корона вирусот, додека активни се 118.

Кога ќе започне вакцинирањето на граѓаните и кога ќе се среди состојбата со орагнизираноста во Здравниот Дом во Берово, останува да ни одговори директорката, бидејќи граѓаните го очекуваат тоа и не се должни дополнително да патуваат во друг град и да ја примаат вакцината, во овој тежок период кој сите нас не засега.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.