ВИП Хотел – Берово 

ВИП Хотел – Берово 
март 07 01:43 2018

ВИП Хотел – Берово е основан во 2010 година, изграден во модерен стил и е лоциран до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини во близина на Берово, Македонија. Фирмата под која го раководи својот бизнис е основана во 1989 година.
Се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро. Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница.
Уживајте во локалната гледка од Вашата соба. Модерна декорација, туш кабина и кревет со мека покривка, прекрасната панорама и кристално чистиот воздух, ќе придонесат за Ваш комплетен одмор и релаксација.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.