ВИКЕНДОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 18 ПО РЕД ПОЛИ МАРАТОН.

ВИКЕНДОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 18 ПО РЕД ПОЛИ МАРАТОН.
јуни 16 22:03 2020

Сите љубители на велосипедизмот, викендот ќе имаат можност да учествуваат на 18. по ред Поли маратон, кој поради ситуацијата со коронавирусот ќе се одржи во виртуелен облик.Настанот е закажан за во сабота 20 јуни а пријавувањето е без котизација.За да се вклучите во маратонот не ви е потребно да патувате негде, да имате маратонски велосипед или да следите некоја рута.

Како да учествуваш на годинешниот Поли маратон?

Во сабота, на 20 јуни, до 18 часот треба да извозиш најмалку 18 километри за 18 годинишницата од Поли маратонот.

Патеката можеш да ја донесеш близу до својот дом (сам ја одбираш и ја определуваш патеката). Пријави се на www.poli.si.

Како ќе докажеш дека си возел на 18ти Поли маратон?

Своето возење ќе го докажеш со една од избраните „трекинг“ апликации. (Strava, Sport trecker, Edomondo или други). Доколку не користиш „трекинг“ апликација, можеш да ја објавиш фотографијата на својот бројач или селфи од патеката и ќе допишеш #polimaraton

За првите 1000 објавени возења следуваат награди.

Инаку Поли маратонот кој веќе е добро познат во регионот, ќе се вози и на меѓународно ниво.Освен во Словенија,Хрватска,Босна,Србија и Макеонија, ќе се вклучат велосипедисти од далечниот Дубаи како и Украина,Романиjа,Австрија и многу други.

Организатор на настанот е Перутнина Птуј.

Поли маратон 2020

Поли маратон 2020, 20 јуни‼️🚴‍♀️🚴‍♀️🚴‍♀️👏Како да учествуваш на годинешниот Поли маратон?

Публикувахте от Ludi za POLI в Вторник, 2 юни 2020 г.
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.