(ВИДЕО) СО ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „ЗБОРКА“ ОД ТАЊА АЖДАЈА, УСПЕШНО ЗАВРШИ КНИЖЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА „МАЛЕ МАЛЕ“

(ВИДЕО) СО ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „ЗБОРКА“ ОД ТАЊА АЖДАЈА, УСПЕШНО ЗАВРШИ КНИЖЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА „МАЛЕ МАЛЕ“
август 01 17:51 2022

Со промоцијата на најновата стихозбирка на нашата беровчанка Тања Аждаја насловена „Зборка“, синоќа успешно беше завршен првиот книжевен фестивал „Мале Мале“.На промоцијата на книгата беа присутни голем број Беровчани, кои имаа можност да проследат поетско читање од книгата во изведба на поетите кои учествуваа на фестивалот.

Авторот на делото Тања Аждерска задоволна од посетеноста и интересот за книгата, истакна дека после претходните две нејзини дела кои се фокусирани на игите со зборови и афоризми, ова е прва стихозборка создадена во времето на пандемијата.

-Досега моето творештво беше фокусирано на игрите со зборови, афоризми и таканаречени каламбури, со коишто имам две книги претходно издадено во 2019 година во издание на Темплум, а сега е прва поетска збирка.Зошто поезија?Причината е тоа што веројатно „Зборка“ беше создавана во екот на затвореноста од пандемијата и преовладувало она меланхолично чувство, кое што можеби било поврзано со понемили настани, меѓутоа послуѓило како инспирација на еден убав миг, за некој творечки порив кој што ме навел да почна да пишувам поезија – рече Тања Аждаја.

Интересот за нејзината книга додаде Аждаја, позитивно било изненадување за неа, особено од присутноста на голем број млади Беровчани на промоцијата кои се надежта на културата и самиот фестивал исто така и иднината на новите поетски правци.

-Јас сум изненадена се разбира позитивно, не мислам дека Беровчани се нечитачи, туку за тоа што публиката беше, односно изобилуваше со многу млади луѓе кои што всушност се надежта на самиот фестивал, настрана иднината на новите поетски правци.Меѓутоа сум нестрплива да го слушнам впечатокот на младата публика, она која што учествува во еволуирањето на јазикот и мислата, за поетскиот збор во оваа книга – истакна Аждаја.

На последниот ден од фестивалот „Мале Мале“ свој преформанс и поетирање имаше и младиот вљубеник во поетски збор Горазд Кени Китановски, кој настапи со моќно рецитирање на стихови, а имаше и интеракција од самите посетители на настанот.

Претходно пак во рамките на фестивалот, сите седум поети учесници, ги посетија Пехчевските водопади, каде во една прекрасна природна енергија, одржаа поетско читање.

Инаку фестивалот делумно е поддржан од Министерството за култура, поети, локални поддржувачи и Општина Берово.

Со тоа можеме да заклучиме дека Берово и Малешевијата имаат одлични капацитети и места, но секако и публика за одржување на вакви културни настани, кои навистина фалат и мора да се случуваат се почесто.Првата едиција на книжевниот фестивал „Мале Мале“, ги отвори чувставта и размислувањата на Беровчани за поетскиот пишан и рецитиран збор и дефинитивно ова уметност позитивно влијаеше на сите присутни.Дали е тоа предзнак за конечно Берово да биде култно и место на уметнички настани и култура, која во иднина нема да остане само убаво сеќавање, се разбира ќе покаже свеста, ангажманот на институциите, самите граѓани и времето.

Во продолжение погледнете видео од промоцијата на книгата „Зборка“ од Тања Аждаја:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.