(ВИДЕО) ПРОТЕСТ НА УГОСТИТЕЛИТЕ ОД БЕРОВО.

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ НА УГОСТИТЕЛИТЕ ОД БЕРОВО.
април 12 19:01 2021

Угостителите од Берово денес на протест го искажаа своето незадоволство од донесените мерки на Владата, кои како што велат, се најпогодени и финансиски исцрпени.

Веќе година дена угостителите мака мачат со задржување на вработените велат сопствениците, многу вработени се отпуштени и уште ќе се отпуштат.Со новите мерки на Владата, тие се пожалија на сегрегацијата која ја прави државата со угостителството и другите индустриски гранки. Упатија јавно прашање, како можат хотелите, фабриките, казината и обложувалниците да работат, а тие не.

Исто така посочија дека угостителиството работи со полна загуба и додадоа дека претходните мерки за помош на овој сектор кои ги донесе Владата не се доволни, па побараа итно решавање на нивниот проблем бидејќи во прашање е доведен опстанокот на многу семејства. Не може само во угостителските објекти да има пандемија а во другите места кои работат и каде има концентрација на луѓе да нема.

На денешниот протестен собир на плоштадот во Берово, угостителите побараа, државата да помогне со субвенции и неповратни средства за да можат да дадат плата на работниците, ако не принудени се да затворат.Велат дека ќе одат до крај ако не се реши нивниот проблем оваа недела.

Се проценува дека на државно ниво има над 30 илјади лица во овој сектор кои останале без работа поради пандемијата, а со новите затварања на угостителските објекти и кафетериите, бројката на отпуштени работници сигурно ќе порасне.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.