(ВИДЕО) ПРИКАЗНА ЗА НЕПОКОРОТ И БУРНАТА ИСТОРИЈА НА РУСИНОВО НИ РАСКАЖУВА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ-ЗЕГИН.

(ВИДЕО) ПРИКАЗНА ЗА НЕПОКОРОТ И БУРНАТА ИСТОРИЈА НА РУСИНОВО НИ РАСКАЖУВА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ-ЗЕГИН.
април 25 11:22 2021

Во срцето на Малешевијата или срдишниот дел на Општина Берово на надморска височина од 900 метри е ридското и непокорно Русиново.Еквивалентно на еден од најголемите атари во земјава, тоа ја има и најголемата душа, облагородена со хуманистички идеал.

Одсекогаш било село за пример.Русиново има бурна историја.Полно е со револуционерни перипетии, а неговото тло е на повеќе пати наквасено со јуначка крв.Русиново е гордо на ликот и делото на Даме Груев, чија порака и ден денес се одзива како ехо „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“.

Со децении во пресрет на 23 Декември, со почесен мараш Малешевци го чествуваат денот кога во 1906 година, кај врвот Петлец, загинал апостолот на револуционерната борба, чии посмртни останки, одовде биле пренесени во родното Смилево.Даме и неговоте соборци, со живот му се оддложија на овој крај, заслужувајќи ја секоја педа слобода.

Затоа вдишувајте ја, сакајте ја и чувајте ја затоа што нема ништо поскапоцено од слободата.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.