(ВИДЕО) ПРЕД ВЕЛИГДЕН,ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА И ПОСЕТЕНОСТ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО

(ВИДЕО) ПРЕД ВЕЛИГДЕН,ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА И ПОСЕТЕНОСТ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО
април 29 21:35 2021

Последниот пазарен ден за овој месец, пред празнично го наполни градскиот пазар во Берово.Во пресрет на Велигденските празници, денес на градскиот пазар, Беровчани најмногу купуваа зеленчук и овошје, а потрошувачката на јајца за празникот исто така е зголемена.

За некои Беровчани, пазарот е скап, за повеќето пак прифатлив и ефтин.цените не ги поколеба да се спремаат со намирници за престојните празнични денови.

Тезгаџиите велат дека не се зголемени цените на производите.Иако има зголемена побарувачка за празниците, сепак, куповната моќ на Беровчани не е иста како претходните години.Велат дека за велигденските празници, пазарот во Берово бил полн пред неколку години, а сега е значително намалена и посетеноста и потрошувачката.Сето тоа се должи додаваат пазарџиите на големото иселување кое највеќе е присутно во Малешевијата. Се жалат поради ефтината цена на градинарските производи и слабиот откуп посебно на компирот.

  Категории: