(ВИДЕО) ИЗЈАВИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО ПОСЛЕ НИВНОТО ГЛАСАЊЕ.

(ВИДЕО) ИЗЈАВИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БЕРОВО ПОСЛЕ НИВНОТО ГЛАСАЊЕ.
октомври 17 20:34 2021

Очекувам изборите да поминат во мирен ред, а од четворицата кандидати за градоначалник да победи најдобриот. Ова во својата изјава по остварувањето на своето право на глас го истакна кандидатката за градоначалник на Берово од коалицијата ,,Обнова за Македонија”, Елеонора Рашковска.

-Очекувам мирни избори и да победи најдобриот кој ќе ја води општината во наредните 4 години и од Советниката листа исто така да победат најдобрите кандидати, рече Рашковска. Кандидатката со потесното семејство денес гласаше на избирачкото место 0001 во Берово.

Кандидатот за градоначалник на Берово од партијата Интегра денес во Владимирово го оствари своето гласачко право и гласаше на седмите по ред Локални избори во државата.

-Малешевци се мудар, убав, домаќински народ. Очекувам и денес сите масовно да го дадат својот глас за оној што тие сметаат дека треба да го дадат, рече Алачки. Само на тој начин како што додаде можат да имаат убав просперитет и поубава иднина за Малешевијата.

Кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ и коалицијата Звонко Пекевски денес користејки го своето право на глас ги повика граѓаните да гласаат за оној кој според нив најдобро ќе ја претставува општина Берово во наредните 4 години.

-Прво сакам да посакам на сите граѓани на Општин Берово да излезат да гласаат, за оној кој најдобро ќе не претставува во наредните 4 години и секако изборите да поминат во фер и демократска атмосфера, рече Пекевски кој своето право на глас го оствари на гласачкото место 0001. Порача нека победи најдобриот бидејки според него само на тој начин Општината ќе има избрани членови на Совет кои ќе продолжат во наредните 4 години да ја практикуваат локалната власт.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.