(ВИДЕО) АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ДЕЈАН ОД ДЕЛЧЕВО.

(ВИДЕО) АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ДЕЈАН ОД ДЕЛЧЕВО.
април 19 12:48 2021

Семејството Белогазовски од Делчево апелира за помош на нивниот син Дејан, кој на 3 ипол годишна возраст, бил повреден во сообраќајна несреќа, со што од тежината на повредите, се здобил со стеноза на грлото.Тој веќе 15 години живее со отежнато дишење со вгадени цевки наречени канили и неможе да зборува нормално.

Неговиот татко Гоце вели дека се исцрпени сите можни средства и направени му се многу операции но без успех. Се обратиле до сите приватни и државни болници во Македонија од каде ги информирале дека оперативниот зафат не може да се направи тука, па им препорачале дека насигурно и најбезбедно е да се оперира во Виена, Австрија, која чини 18.000 евра

-Јас сум Гоце Белогазовски од Делчево и сум татко на малиот Дејан кој сега има 17 години.На 3 ипол годишна возраст доживеа сообраќајна незгода пред хотел Македонија во Делчево и не добивме никаква оштета од здружението на возачи, бидејќи според нив детето ја предизвикало сообраќајната незгода.Од тежината на повредите се здоби со стеноза на грлото.15 години живее со вградени цевки наречени канили.Во Македонија не може да се направи оперативен зафат.Се обративме до сите приватни и државни болници, каде од Систина ни препорачаа најсигурно и најбезбедно да се направи оперативен зафат во Виена,Австрија.Цената за тоа изнесува 18.000 евра.Ние немаме можност самите да ги собереме овие средства, па ги замолуваме сите хумани граѓани, кои сакаат да донираат на жиро сметката која ја имаме отворено.Господ на сите да им дава здравје што не разбираат и ги сите ги почитуваме. Од Беровчани имаме 80 % поддршка, луѓето иако имаат и они проблеми ни отвараат и ни излегуваат во пресрет – вели Гоце.

На семејството Белогазовски му е потребна финансиска помош со цел да го оперираат своето дете. Поради тоа доколку сте во можност донирајте на следната трансакциска сметка:

Комерцијална Банка АД Скопје : 300057075450615 Сузана Белогазовска

број за контакт: 078 611 123

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.