ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес.

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес.
октомври 30 16:57 2020

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) соопшти дека во денешпниот земјотрес загинале најмалку четири лица, а повредени се 120 луѓе.

Градоначалникот на општина Измир, Тунч Сојер, исткана дека добиле пријава дека се урнале околу 20 згради во земјотресот кој се случи во отворени води кај Измир, јавува агенцијата Анадолија.

Сојер даде изјава по земјотресот со јачина од 6,6 степени кој се случи во отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир.

Тој рече дека моментално немаат соодветни точни информации и дека добиле само некои пријави.

– Добивме некои пријави. Се урнале згради особено во Бајракли и Борнова. Се обидуваме да добиеме информации околу тоа. Не поседуваме информации за загуба на животи. Сега сме на пат. Добивме пријава дека се урнале 20 згради. Се обидуваме да стигнеме до Бајракли. Како што се гледа, најкритични места се Бајракли и Борнова, нагласи Сојер.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди утринава Егејското Море, поточно водите на подрачјето Северихисар кое припаѓа на западниот турски град Измир, потсетува Анадолија.

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) потврди дека епицентарот на земјотресот е регистриран во 14:51 часот по локално време, во Егејското Море, 17 километри од брегот на Северихисар.

Наведено е исто така дека земјотресот, кој се почувствува и во Истанбул, е забележан на длабочина од 16,54 километри.

Гувернерот на Измир, Селим Кошгер, изјави дека сѐ уште нема информации за евентуалните жртви.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.