ВИДЕО:ОДЛУКИ И ПОДРЖАНИ ПРОЕКТИ НА 6 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ОДРЖАНА ВО БЕРОВО.

јули 23 20:06 2018

Во присуство на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, во Берово се одржа 6 Седница на Советот на Источниот плански регион на чиј дневен ред беа повеќе точки, меѓу кои поставување на Меѓурегионален технолошки парк меѓу Вардарскиот и Источниот плански регион, одобрување средства за финансирање проекти за развој во регионот, потоа грантова шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони и повеќе предлог одлуки кои се однесуваат на финансиска поддршка на руралниот развој за оваа 2018 година.

На  Седницата се дискутираше и за програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој, a ќе се донесe одлука за преотстапување на спомен- обележјето на местото на кое загинал Никола Карев- Свиланово.

Според  Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа, ветувањата за зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој веќе се остваруваат, бидејќи со програмирањето на новиот буџет за 50% се зголемени во однос на претходните години.

„Како Влада сме задоволни од проектите кои аплицирале од источниот регион, во Министерството за локална самомуправа и Агенцијата за рурален развој, можам да кажам дека овој регион има добиено вкупно 11 проекти кои се од сферата на туризмот и животната средина. Верувам дека ние како Влада ќе продолжиме уште повеќе да се трудиме да обезбедиме уште повеќе средства за рамномерен регионален развој, истакна Фазлиу.

Тој додаде дека постапката за изработка на анализа за степен на развиеност на планските региони, е планирано да започне наредната недела во рамки на проект кој ќе се реализира со  Швајцарска Амбасада. За нејзина изработка ќе бидат ангажирани повеќе експерти кои детално ќе ја анализираат состојбата и за кратко ќе го имаат и финалниот документ.

Во делот на  работата на веќе формираните бизнисцентри, Фазлиу истакна дека и за оваа намена се издвоени повеќе средства, а истите треба да бидат во насока на обезбедување детални информации за местото, ресурсите кои им стојат на располагање и потребната документација за локално или централно ниво на сите потенцијални  приватни странски инвеститори.

Според градоначалниците на Општините Берово и Кочани, Звонко Пекевски и Николчо Илиjев, издвојувањето повеќе средства за регионален развој значи многу за малите општини во источниот регион и токму поради тоа конкурирале со повеќе проекти за кои очекуваат значителен број средства.

Кои проекти беа подржани можете да проследите во видеото.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.