(ВИДЕО)ВО БЕРОВО ОДБЕЛЕЖАН 16 МАЈ ДЕНОТ НА РОМСКИОТ ОТПОР.

(ВИДЕО)ВО БЕРОВО ОДБЕЛЕЖАН 16 МАЈ ДЕНОТ НА РОМСКИОТ ОТПОР.
мај 16 21:13 2021

Со симболичен марш, по главната улица на ромското маало во Берово, денес Ромите го одбележаа 16 Мај денот на Ромскиот отпор.Со овој марш како што истакнаа претставници од движењето Аваја од Берово кои се организаторите на настанот, се приклучија на иницијативата на повеќе од 100 заедници во Европа, давајќи почит кон починатите предци од холокаустот.

На денешниот марш, Ромите од Берово, со праоли и транспаренти искажаа отпор кон растечката омраза кон Ромите, национализмот и популузмот низ цела Европа и Македонија.

– Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна, потсетувајќи не’ на еден ужасен период од историјата. 76 години подоцна, должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество. – рече Фирдеска Зекирова претставник од движењето Аваја.

Инаку на 16 Мај 1944 година ромските затвореници, жени и мажи, вооружени со чекани, лопати и други дрвени предмети се спротивставиле на нацистите во логорот на смртта Аушвиц.

Освен во Берово, Ромите денес се мобилизираат уште во 17 градови во Македонија и во повеќе од 100 ромски заедници во Европа кои преку маршеви, составени од 4-10 Роми симболично маршираа да дадат почит кон нивните предци и да покажат отпор на растечката омраза и национализмот кон Ромите.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.