ВИДЕО:БЕРОВО БЛЕСНА НА ВТОРАТА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР.

август 26 19:50 2018

Низ една пријатна атмосфера со афтентична музичка изведба на оркестарот на народни инструменти при ДМУЦ ,, Сергеј Михајлов” од Штип , онака како што доликува на ЕТНО стилот синоќа во Берово беше означен почетокот на втората фестивалска вечер.

Во репертоарот од Традиционална македонска музика уживаше публиката во Берово и нивните точки беа проследени со особен интерес.

Како кулминација на вечерта во вистинско светло синоќа во Берово се претстави познатата поп дива Каролина Гочева со песните од новиот албум и  добро познатите песни од претходниот албум.

Со силен аплауз беа поздравени нејзините хитовите а програма ги растрепери и воодушеви срцата на сите присутни. Заедно со неа пееше и публиката а песните од ЕТНО албумот кој им беа доста познати на публиката, ја доловија вистинската атмосфера на ЕТНО стилот. Во нејзината фантастична изведба имаше можност да ужива многубројната публика на плоштадот ,, Димитар Беровски  а со силен аплауз беше поздравена песната ,, Две лири од нејзиниот ЕТНО албум.

За вечерта да помине низ една вжештена атмосвера, со многу разигран народ и познати евергрин хитови кои ги пееја сите присутни , фантастичниот настап на локалната група Штекици направија вистинска забава како за младите така и за возрасните  и ја подигнаа атмосферата во градот. Пред огромниот број посетители тие  покажаа една вистинска извежбаност,  а низ распеаните лица на посетителите се гледаше вистинско задоволство.

Како изненадување на вечерта и втората вечер од ЕТНО плоштад фестивалот следуваше  електронски културен шок каде со свој сет настапи DJ SENE.

Втората фестивалска вечер од ЕТНО плоштад фестивалот 2018 во Берово, успешно беше завршена.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.