БОЖИЌНА ЛИТИЈА ЗА ПРВ ПАТ ВО БЕРОВО

БОЖИЌНА ЛИТИЈА ЗА ПРВ ПАТ ВО БЕРОВО
јануари 06 17:55 2022

Над 300 деца беа дел од Божиќната литија, што по повод големиот христијански празник Божиќ за прв пат оваа година се одржа во Берово. Со божиќни ѕвезди во рачињата, славејќи го Христовото раѓање, дечињата ја пееја ,,Вечниот бог” од градската црква, во правец до железара ,,Орбис,, преку ,,Здравствен дом” Берово и десно до Полициската станица се вратија до градската црква.

Како што истакна Отец Ѓоше, значењето на оваа Божествена литија која прв пат се организира во Берово, е навестување на големиот христијански празник Божиќ и Христовото раѓање, упатувајќи благодарност до сите граѓани и Општината кои учествуваа во организацијата на литијата.

-Самото значање на оваа литија е предвестување на големиот празник Божиќ односно рождеството Христово.Ова во Берово се организира прв пат.Благодарение на граѓаните од самиот град Берово, се собраа доволно донации за пакетчиња на дечињата, тука помагаше и Општината и упатувам голема благодарност до сите нив. Оваа литија планираме и се надеваме да остане традиција во идните години.Како што е за прв пат, добро се организиравме, излегоа над 200 дечиња уште на трите проби коишто ги направивме, ја научија ,,Вечниот бог” и очекуваме околу 400 дечиња да имаме на литијата – рече отец Ѓоше.

Глетката и звуците низ улиците во Берово, денеска беа вистински рај за очите, но и за душата.Дечињата учесници на Божиќната литија како и граѓаните на Берово, изразија задоволство од организацијата и со восхит и солзи радосници ја подржаа ваквата идеја за бадникова поворка низ улиците на Берово, надевајќи се дека ова ќе остане традиција во иднина.

Поворката заврши таму и од каде што почна, во градската црква, каде дечињата беа дарувани со новогодишни пакетчиња од свештениците.

Настанот го поздрави и градоначалникот Звонко Пекевски кој на граѓаните на Берово им го честиташе Божик, посакувајки им многу здравје и среќа во Новата 2022 година.

Денес е Бадник, утре е Божиќ. Радост и убава мисла за уште поубава година. Беровчани со многу внимание и почит ги одбележуваat овие два христијански празници. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.Ова се денови кои се поминуваат со семејството, со најблиските, денови на радост и убави мисли.

Во продолжение погледенете видео од Божиќната литија во Берово:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.