БЕРОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОГРАМАТА ROMACTED.

БЕРОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОГРАМАТА ROMACTED.
март 19 07:26 2018

Ромактед програмата наменета за Ромската заедница, денес преку работилница беше претставена пред Ромите во Берово.Програмата има за цел да ги реши и подобри приоритетните проблеми на ромската популација а воедно и самите Роми да се вклучат и учестуваат во решавање на најгорливите прашања кои ги засегаат заедно со Општината Берово.
Во програмата Ромактед се вклучени 12 Општини во Македонија меѓу кои и општина Берово и ке трае три години.Фокусирана е на градење политичка воља и подржка на локалните самоуправи за градење капацитети за подржка на ромската заедница како и формирање на Локални акциони групи.

Ромското прашање и проблемите со кои се соочува Ромската заедница сеушете не се решени.Жалосно е во 21 век кадешто завршува асфалтот започнува кал и таму почнува Ромската заедница, па научени од лекцијата Декада на Ромите и некои други програми кои недоволно помогнаа за решавање на најгорливите проблеми, токму преку овој начин на дејствување кон заедницата на локално ниво во соработка со Општините би вродило со резултат истакна Исмаили, апелирајки еднаш за секогаш да се решат инфраструктурните проблеми кои ги засегаат Ромите во Берово па и во целата држава.

На денешната работилница беа изнесени проблемите со ки се соочуваат самите Роми. Сепак освен инфраструктурните проблеми за беровските Роми како најголем проблем е невработеноста која е застапена на високо ниво.

Регионална програма Ромактед е подржана од Советот на Европа и Европската комисија и се спроведува во Западен Балкан и Турција, а во Македонија ја спроведува Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.