БЕРОВО ПРЕПОЛНО ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ.

април 06 21:54 2018

Берово и Малешевијата е преполно со голем број на туристи за Велогденските празници.Продолжениот празничен викенд го наполни градот до последно место.Се е пополнето и  во хотелите и двете туристички населби Абланица и Беровско езеро .Хотелиерите и угостителите се спремни да ги пречекаат огромниот број на туристи кои се присутни во градот и да ги угостат со достапните цени и добрата забавата.

На овој Велигден најмногу  се присутни туристите од Македонија но не изостануваат и туристите од соседна Бугарија кои освен за  празникот се дојдени тука  како што велат за чистиот воздух и гостопримливоста на луѓето во Берово.

Како и секоја година, Општина Берово поповод празникот Велигден  во недела ораганизира  прослава на градскиот плоштад со почеток во 12 часот, каде свој настап ке имаат  КУД Димитар Беровски и староградски оркестар како и традиционалниот избор на најцврсто и најукрасено јајце во кој учестуваат над стотина граѓани.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.