БЕРОВО ПОЧНА НОВОГОДИШНО ДА СЕ УКРАСУВА.

БЕРОВО ПОЧНА НОВОГОДИШНО ДА СЕ УКРАСУВА.
декември 14 17:58 2020

И покрај дилемите и различните мислења од страна на Беровчани, дали треба да се украсува градот во време на пандемија, сепак градските власти одлучија да започнат со новогодишното украсување на Берово.

Сепак за општинските власти со овие средства на разубавување на градот, не може да се реши некој инфраструктурен проблем, додека нелагодувањата на граѓаните се неоправдани, ако се има во предвид, дека Општина Берово во 2020 година има вратено голем дел од средствата назад кај граѓаните истакнаа од Општината.

Се украсува градскиот плоштад ,,Димитар Беровски” до Музеј на град Берово, а исто така украсен ќе биде и влезот во Берово на потегот од кружниот тек до полициската станица.

Како што информираат од општината,ќе се користат различни видови светилки , украси во форма на ѕвезди и снегулки, а на плоштадот за прв пат ќе блесне и тунел од метална конструкција со светилки,кои целосно ќе ја дополнат новогодишната атмосфера.

Ова за Берово како туристичко место, кое многу е посетено за време на празниците, ќе донесе еден позитивен бран на градот, а особено најрадосни ќе бидат најмладите додадоа од Општината.

Претходно повеќе општини во државата се откажаа од новогодишното украсување, додека Берово за овој чин  ќе издвои 200.000 денари од општинскиот буџет.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.