БЕРОВО И ПЕХЧЕВО НЕ САКААТ ГОСТИ ВО ПАНДЕМИЈА.

април 08 02:27 2020

Берово и Пехчево се одлучни од Корона вирусот да се бранат жестоко и со целосна колективна изолација. Голем дел нивни граѓани сами прогласија безбедна зона и на секогаш до сега толку посакуваните гости сега одлучно и велат Не Доагајте .
„ Целта на нашата група „Ограничување на движење на луѓе кои не се од Малешевијата“ е да побараме од градоначалниците, МВР, Влада на РСМ, Министерство за здравство како и сите надлежни во рок од 15-20 дена кога се и очекува пикот на заразата да се спречи влез во Малешевијата на луѓе (посетители, туристи) кои не се жители на Пехчево и Берово. Под строги мерки согласно препораките и предвидените мерки од надлежните, да бидат сите луѓе кои се со пропусници поради работа во фирма или за дотур на стоки, а не се од Малешевијата“, изјави Изјава Живко Каликов, член на групата.
Овој став во овие услови е логичен па иако со половина уста, него го поддржуваат и градоначалниците.
„Се разбира дека иницијативата е добра во ова кризно време, еден начин плус дополнително да се спречи заразата и ширењето на територија на Пехчево. Да не се сфаќа себично ние сакама само да го сопреме тоа да се заштитеме на нашата територија и да се воздржат граѓаните“ изјави Драган Тренчовски, градоначалник на Пехчево
„Иницијативата ја поддржувам за да немаме поголема раздвиженост и патување на луѓето конкретно во Берово. Давателите на услуги за сместување не издаваат услуги во овој период“ изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Берово
Сепак, дали овој апел ке биде почитуван бидејки илјадници граѓани од Регионот и државата во овие две општини имаат имот и сите тие се загрижени за него ?
„Целта на нашата група ограничување на движење на група е да побараме од градоначалниците, и МВР да се спречи влез во Малешевијата кои не се жители на Пехчево и Берово во рок од 15-20 дена, односно на посетители туристи“ изјави Живко Каликов, член на групата
Колку во оваа намера ке се успее е неизвесно но реално, на иницијаторите и поддржувачите на оваа иницијатива не треба да им се забележи.
Дали сепак очекуваат дека ке им се замери и дека еден ден некои од гостите на нив ке им кажат Не, благодарам за Берово и Пехчево?
„Се надеваме дека нема да доаѓаат во тој период, сакаме само да ги почитуваат мерките. Да останат дома и да ги почитуваат мерките“ Изјави Живко Каликов, член на групата.

Извор:Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.