БЕРОВО Е ПОЛНО СО ТУРИСТИ ОД СКОПЈЕ, ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ.

БЕРОВО Е ПОЛНО СО ТУРИСТИ ОД СКОПЈЕ, ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ.
јуни 06 14:38 2020

Избрзаните и непромислени одлуки на Владата со воведувањето на полицискиот час и ставање во карантин неколку општини каде има најмногу заразени со корона вирусот, ги наполнија туристичките места во Македонија.Не изостана ниту нашиот град Берово, каде за продолжениот викенд, сите капацитети се преполни со гости и туристи најмногу од Скопје исто така и од Куманово,Велес,Штип каде деневиве овие градови преставуваат жаришта со најмногу заразени во државата.Беровчани пак изразија негодување и револт поради приливот на туристите и ситуацијата со пандемијата која многу лесно може да се пренесе тука.

Маркетите и продавниците низ градот се преплавени со гости од Скопје, кои претставуваат потенцијална опасност за Беровчани и целиот град кој важи за чист град и каде се почитуваат мерките на претпазливост.

Вријат страсите на Беровчани и на социјалните мрежи, за ситуацијата и немањето свест кај туристите и очекуваат одговорност од општината и од нашите сопственици на викендици.Еве неколку од нив:

  •  berovcani v karantin doma a gostite si setaa po branata 🙃
  • Nema nikakva logika policiskiot čas… Misla deka treba da izlezeme site na Centarot.
  • Drujden kuga si odat če ni ostavat i bakšiš-Djubre nasekade a nedajti bože i korona
  • E pa site od glavata patime… nie 2 meseci bevme na vikendica (kako i ovoj i site prethodni vikendi) so maksimalno pocitucanje na merkite za zastita… maski, desinfekcija i sedenje vo dvor… bas toa komentiravme vcera, zdravjeto ne pati od takvite kako nas… no sega ne mi se jasni ni tie sto odat po tugji vikendici (ne znaat kakvi higienski i preventivni merki se prevzemeni) nitu pak gi svakjam domakjinite za petstotce do iljadarce po nokj si go zagrozuvaat sosptvenoto zdravje (zosto ne znaat gostite od kade doagaat) … sekako nazad ni e “alot” izgleda… 😭😭😭
  • Редно е веќе и Беровчани,да излезат од своите дупки и да покажат непочитување кон оние кои не не почитуваат.
  • Нема никаква логика, кафичите преполни а забрана за посета на гробишта…..

Моментално додека го пишуваме прилогот, граѓани се јавуваат и реагираат на уште поголеми гужви во центарот на градот и маркетите од страна на посетителите од Скопје и другите жаришта со корона вирусот.

Поради зголемениот број туристи кои за време на продолжениот викенд се во Берово, градоначалникот пак Звонко Пекевски вчера излезе со изјава и апелираше на задолжително почитување на препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

  • Благодарение на досегашното почитување на мерките и пррпораките, сме општина со само двајца заболени пациенти, од кои едниот е веќе оздравен, па затоа, отсега е потребно да бидеме уште повеќе внимателни, со оглед на присуството на голем број граѓани, во Берово, кои доаѓаат од високо ризичните реони – изјави Пекевски.

Екипата на Малеш Нет, вчера беше во обиколка на градот и Беровското езеро, каде можеше да се забележи зголемено присуство на туристи.

Еве го и видеото во продолжение.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.