ИАТРАЖУВАЊЕ: ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ БЕЗ ОСНОВНИ ЗДРАВСТВЕНИ,СОЦИЈАЛНИ И ОБРАЗОВНИ УСЛОВИ.

ИАТРАЖУВАЊЕ: ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ БЕЗ ОСНОВНИ ЗДРАВСТВЕНИ,СОЦИЈАЛНИ И ОБРАЗОВНИ УСЛОВИ.
февруари 02 23:28 2018

Лицата со попреченост не ја добиваат потребната социјална и здравствена заштита, ниту пак образовниот процес е соодветно прилагоден на нивните потреби. Ова го покажа истражувањето на здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, кое лани есента го спроведе во општините Берово, Боговиње и Охрид. Ова се само некои од проблемите кои биле утврдени со истражувањето „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“, кое ги опфаќа услугите од областите – социјална заштита, здравство и образование.

Досегашното искуство и податоците на истражувањето укажуваат дека постојниот систем сѐ уште ги турка сите проблеми на централно ниво и дека постои недостиг од политики и структури на локално ниво, кои имаат увид во социјалните, здравствените или во образовните проблеми и тешкотии, според кои би се изработувале решенија во согласност со локалните потреби.
Постоењето на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Берово е позитивен пример за згрижување на децата и преставува олеснување на родителите, но не се присутни едукативни и рахабилитациски програми во истиот истакна Мимоза Петревска-Георгиева, претседателка на здружението апелирајки и до локалната власт да покаже поголема иницијативност и да им пријде на овие проблеми.

На денешниот настан и презентација на истражувањето присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија која истакна дека ваквите граѓански иницијативи и самозастапувањето на родителите во остварување на своите права ке вроди со решавање на ваквите проблеми.

Родителите на децата со попреченост од Берово пак немаат многу доверба во институциите, се соочуваат со секојдневни тешкотии и неможност да се справат со грижата за своите најблиски.Паричната помош која ја добиваат не е доволна ниту за лекови, додека како приоритетни проблеми ги гледаат и ненавремената категоризација на овие лица, немањето на соодветен кадар во образовниот процес и отсуството на информирањето каде информациите ги добиваат неформално преку други родители.

За лицата со попреченост вклучувањето во образованието често е проблем, бидејќи наставниците не се доволно подготвени да работат со вакви деца, а недостигаат и специјални кадри во училиштата кои ќе можат да работат со нив.
Поради физичките бариери во здравствените установи лицата со попреченост често не можат да го остварат правото на здравствена заштита, а здравствените работници во помалите места често без да им ја пружат потребната грижа ги препраќаат во болниците во поголемите градови. Истражувањето покажало дека голема пречка е незнаењето на лекарите и медицинскиот персонал како да комуницираат и да интервенираат кај лицата со попреченост – стои во истражувањето.

Истражувањето е спроведено од здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“, и е дел од проектот „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“, поддржан од „Швајцарската агенција за развој и соработка“ преку програмата – „Цивика мобилитас“.
Здружението за помош и поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје е основано од родители на деца и млади со попреченост, специјални едукатори, психолози и луѓе кои искрено сакаат и се заложуваат да го подобрат животот на оваа група граѓани.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.