СПАСЕТЕ ГИ ОЧИТЕ ОД „МОДРАТА СВЕТЛИНА“

СПАСЕТЕ ГИ ОЧИТЕ ОД „МОДРАТА СВЕТЛИНА“
септември 22 10:21 2010

Технологијата го олеснува животот, ама ги расипува очите. Директната опасност која ни го намалува видот, е секаде околу нас, а за тоа , воопшто и не сме свесни, предупредуваат офталмолозите:

Тука се т.н. штедливи сијалици, уличното осветлување, новите фарови на автомобилите, новите ЛЦД телевизори, телефони и слично. Сите тие се исклучително штетни за нашите очи, кажа д-р Страхил Газепов, офталмолог.
Според искуството на офталмолозите, дури 70-75 % од лицата кои работат на компјутер, на пример, и се изложени на вештачка сина светлина повеќе од два часа во денот, имаат проблеми со очите. Зошто е ова вака :

Сите апарати работат со лед технологија која з ада ја емитува сликата емитува светлина во опсег од 450-550 нм, во делот на т.н. плаво ладно светло, кое е штетно врз нашите очи, објасни д-р Газепов.
Зависноста од техниката не можеме да ја намелиме, па затоа мораме да најдеме начин , очите да ги заштитиме. Според офталмолозите, најдобрата заштита доаѓа од т.н. „блу“ заштитен слој:

Овој слој се става врз стаклата, независно дали се диоптриски или не, и има способност да апсорбира околу 90 % од оваа сина светлина, рече д-р Газепов.
Освен што ја филтрираат модрата светлина, овој вид на заштита нуди и други можности: за 5 % подобрено антирефлексно дејство; 100 % заштита од УВ зраци; визуелна удобност при работа.

Оваа заштитна покривка се препорачува за сите оние кои работат внатре и се изложени на вештачка светлина.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.