100 ДЕНА ПЕКЕВСКИ ИЗБРКА 20 мина И ЈА ВРАБОТИ СОПРУГАТА.

100 ДЕНА ПЕКЕВСКИ ИЗБРКА 20 мина И ЈА ВРАБОТИ СОПРУГАТА.
септември 22 11:40 2010

Во првите 100 дена градоначалникот на Берово постигна  многу. Избрка од работа 20-тина лица, а на местото на бремена наставничка ја вработи сопругата.

Освен ова, под притисок на градоначалникот Пекевскси, извршена е корекција на распоредот на предметните наставници, при што неговата сопруга доби часови само во Берово. Останатите патуваат и по 15 километри, реагираа денес од ВМРО ДПМНЕ Берово.

Со ова, освен што станува збор за класичен непотизам, Пекевски покажа и длабоко нехумано лице, бидејќи на штотуку породена наставничка и го одзеде правото на грижа и доење на своето дете, зашто таа мора сега да патува.

Оттука, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Берово прашуваат дали институциите ќе се погрижат овие незаконитости да бидат осудени и отстранети.

Господине Пекевски, жителите на Општина Берово очекуваа многу од вас,бидејќи многу ветивте, а особено решавање на нивните секојдневни проблеми од најразлична природа. Од сето тоа после 100 дена нема ништо. Останаа само лагите и лажната надеж кај само уште еден мал дел на ваши подржувачи. Затоа фатете се за работа, 100 дена ви летнаа за џабе во празно. ВМРО ДПМНЕ како опозиција будно го следи вашето работење, кое засега е само еден празен лист хартија. За секоја ваша намерна или ненамерна грешка која ќе ја направите нашата јавност ќе биде навремено известена, а впрочем кога за тоа ќе дојде ред, а ќе дојде бргу, таа и ќе си го каже своето“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

На ова, уследи возвратна реакција од градоначалникот Пекевски :

„Ниту еден не е избркан од работа, туку на сите им престанаа договорите за работа и на нивните места се вработени други лица. Мојата сопруга е професор по математика и физика и работи на едно од тие места кое се ослободи откако им поминаа договорите, така да точно е дека таа е ангажирана. Но, точно е и дека годините наназад токму затоа што е СДСМ и е моја сопруга патуваше секој ден на релација Берово- Струмица“, реагираше Пекевски.

  Тагови:
  Категории: