БЕКТЕШИ: СИТЕ ТРГОВЦИ ВО ТУРИСТИЧКИТЕ МЕСТА ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА И НА ПРАЗНИЦИ, РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ 100% ПОГОЛЕМА ДНЕВНИЦА

БЕКТЕШИ: СИТЕ ТРГОВЦИ ВО ТУРИСТИЧКИТЕ МЕСТА ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА И НА ПРАЗНИЦИ, РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ 100% ПОГОЛЕМА ДНЕВНИЦА
мај 22 12:35 2022

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.

Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија

Целта е, посочи минситерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност,  имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.

Извор: Тв 24

  Категории: