АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МЕМЕДОВИ ОД ДЕЛЧЕВО ЧИЕ БЕБЕ СТРАДА ОД ХИДРО НЕФРОЗА.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МЕМЕДОВИ ОД ДЕЛЧЕВО ЧИЕ БЕБЕ СТРАДА ОД ХИДРО НЕФРОЗА.
февруари 15 22:34 2021

Просторија од 4 метри квадратни, која претходно била купатило во прифатилиштето за лица без дом за живеење во Делчево, е местото каде е сместено семејството Мемедови со нивното едномесечно бебе кое страда од хидро нефроза.Како што вели мајката Сабина Мемедова, бебето има проширување на чашката на бубрезите, поради што десниот бубрег му функционира со оштетување од втор степен. Во суб стандардни услови, без вода и струја за само една сијалица, за да се сместат во оваа просторија, тие морале да остранат неколку чешми за да стават кревет без душек само на федери на кој моментално спијат.

Ова семејство пред една година се вратило од Германија и привремено е сместено во прифатилиштето во Делчево.Обвинуваат дека никој не се грижи за нив и дека политичарите тука доаѓаат само за гласови без да се погрижат да обезбедат основни услови за живеење во објектот во кој се сместени неколку семејства.

Со соопштение денес излегоа и од општина Делчево во кое се вели:

  • Согласно со условите и можностите на Општина Делчево, на семејството Мемедови им е овозможено привремено решение за сместување во општинското прифатилиште. Со други простории за таа намена, Општина Делчево не располага. Воедно, семејството има основа да аплицира за еднократна парична помош за новороденче, како и за социјалната мерка-еднократна парична помош за лекување, истакнаа од Општината.

Побаравме одговор од Центарот за социјална работа во Делчево од каде не информираа дека семејството Мемедови се корисници на гарантирана минимална помош и во неколку наврати им е доделена еднократна парична помош.

  • Секао дека сме запознаени со овој случај и сакам да истакнам дека семејството се приматели на гарантирана минимална помош и ние им помагаме.Исто така кога се вратија од болница без никакви документи, добија еднократна помош од наша страна во пелени, млеко за децата, прехрамбени и хигиенски производи кои се надевам барем малку им помогнаа за да се справат со ситуацијата во која се наоѓаат.Сега треба да се извади извод на родените  на детето, каде што со поднесување на документи ќе добијат и еднократна помош за второ родено дете во износ од 20.000 денари, а исто така ќе може да добијат и детски додаток. Што се однесува за здравствената состојба на детето тоа е медицинска работа, сепак и тука исто така можат да се обратат за еднократна медицинска помош за лекување, но за сето тоа ни е потребна документација. Просториите во кои живеат се во надлежност на Општината, која истот така излезе со помош за семејството.Ние не поседуваме простории во кои би можеле да се сместат, додека добивање на социјален стан не се даваат преку центарот за социјална работа, туку тоа е во надлежност на Министерството за транспорт и врски и Секретарјатот на Владата за доделување на станови кои се во државна сопственост и треба да си поднесат процедура за доделување на истиот.Сите можни права од нашата институција се добиени и им стоиме на располагање, но исто така тука би требало да се вклучат и Невладините организации и сите други коишто можат да помогнат .Ние и понатаму ќе помагаме дали преку Црвен крст или некоја друга помош, тука сме секогаш да им излеземе на граѓаните во пресрет кои имаат потреба од помош – иформираа од Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа во Делчево/

Од невладината организација „КХАМ“ Делчево која е запознаена со случајот, денес исто така излегоа со соопштение во кое истакнаа дека активно работеле на овој случај со континуирано обезбедување на прехрабени и бебешки пакети преку проекти, организациски средства и приватни донатори.Погодени од настанот како организација и како сограѓани додаоа:

  • НВО КХАМ Делчево е запознаена со овој случај и во изминативе години активно работеше во подобрување на состојбата на ова семејство во рамки на можностите и делокругот на работење на невладината. Во 2018 година по наша иницијатива и во соработка со тогашниот Министер без ресор беше решено и стабеното прашање на семејството со што им се обезбеди и додели соодветно живеалиште во социјален станбен објект, но подоцна истиот беше одбиен од нивна страна од непознати причини. НВО КХАМ Делчево континуирано обезбедуваше прехрабени и бебешки пакети преку проекти, организациски средства и приватни донатори. Навистина сме погодени од настанот и како организација, но и како сограѓани. Она што е во домен на НВО КХАМ Делчево се применува и ние како организација веднаш реагиравме и се консултиравме со надлежните на кој начин да им се обезбеди материјална поддршка. Ние го даваме во целост нашиот придонес и предлагаме да се направи увид и согласно потребите да се овозможи соодветна поддршка. НВО КХАМ како членка на Советот за социјална заштита ќе иницира стручна и материјална поддршка за семејството Мемедови, вклучувајки ги сите релевантни институции – истакнаа од НВО КАХМ Делчево.

Сепак апелот за помош брзо се прошири насекаде во регионот, па хумани луѓе од Делчево ја доделија и првата донација во кревет, бела техника и храна.

Заинтересираноста на хуманите луѓе за да помогнат е се поголема, како во Делчево така и во Берово, а апелот за помош допре и до наши сограѓани во странство.

Порталот Малеш Нет се вклучува во акцијата за помош на семејството Мемедови и упатува апел до сите кои сакаат да помогнат во прехрамбени и хигиенски средства, како и облека за семејството, или било каква друга помош, да ја контактираат редакцијата на порталот на тел.077 748 208.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА ПОМОГНЕМЕ!!!!

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.