АКЦИЗАТА ЌЕ ЈА ПОКАЧИ ЦЕНАТА НА ДОМАШНАТА РАКИЈА.ЌЕ ВОВЕДЕ ЛИ И РЕД?

август 15 10:04 2018

Ќе се покачи цената на домашната ракија. Со оваа мисла легнувата и стануваат и производителите и купувачите, откако државата најави дека отсега за секое литро произведена домашна ракија со просечна јачина од 45 степени, ќе се плаќаат по 30 дебари акциза.

Производителите веќе ја прават математиката, но не радо, зашто се плашат дека повисоката цена ќе им донесе помалку купувачи:

  • Сега ракијата од 50 степени е 200 денари, а останатаа со помала јачина се продава по 160-180 денари. Со воведување на акцизата , тоа ќе значи за 30 денари по литар поскапа ракија, но не верувам дека ќе се продава. Тоа ќе биде на штета на производителиоте, размислуваат граѓани.

Домашната ракија е еден од најтрошените жестоки алкохолни пијалоци кај нас. Поради ова, најавите еден од омилените пијалоци да се плаќа поскапо, не ги радува  овдешните жители:

  • Кој си вовел давачка тој нека си ја плаќа, 30 денари до литар е многу, сметаат тие.

Дополнително, цената на ракијата варира во зависност од сезоната. Годинава за лозарите таа не беше добра, па можно е ракијата да се покачи и за повеќе од 30 денари по литар:

  • Ако е добра годината, ракијата е поевтина, а ако не е, ракијата е многу поскапа, тврдат граѓани.

Речиси и да нема семејство во македонија кое дома нема домашна ракија. На есен, казаните се поставуваат во многу дворови, но колку ракија се вади државата нема евиденција, зашто тоа никаде не се пријавува и контролира.

Според новиот предлог-закон за акцизи кој е во фаза на подготовка, годишно секој посдинец ќе може да произведе најмногу 1.000 литри чист алкохол, а оние кои ќе се одлучат да продаваат, ќе мора да бидат регистрирани во Царина.

Акцизата од 30 денари по литар, ќе се   плаќа за количини поголеми од 100 литри.

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.