АКТИВИЗАМ:СО ЕЛЕКТРОНСКИ ЗВУЦИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ШУМИТЕ.

АКТИВИЗАМ:СО ЕЛЕКТРОНСКИ ЗВУЦИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ШУМИТЕ.
мај 19 01:51 2020

Група на неколку истомисленици и активисти поточно нашите Дџ артисти Сене и Дидо заедно со перспективниот Андреј кој се занимава со видео продукција, денес на иновативен начин испратија порака за стопирање на уништувањето и загадувањето на Беровските шуми.

Тие со 4 часовен Дџ сет, во месноста Манакија, која се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, ги изненадија Беровчани со звуците на електронската музика длабоко од срцето на шумата.

Најпрво беше спроведена акција за чистење на дел од прекрасната борова шума, додека стејџот го украсија со био материјали.

  • Овој настан има за цел да го вклучи алармот за зачувување на природата и шумата која не опкружува.Сакаме да искажеме голем револт спрема неконтролираното уништување, загадување и сечење на нашето непроценливо богатство.Искористивме ресурси од нашите таленти, токму и ова е целта, секој да придонесе од себе, да се вклучи во оваа идеја за доброто на сите.Ваквиот чин на освестеност за природата е пример за идните генерации, од кои зависи опстојувањето на човечкиот род на оваа планета. Природата ќе продолжи да постои со нас или без нас – затоа упорно порачуваме дека не ѝ требаме ние неа, туку таа ни треба нам. Од таа причина треба да се научиме еднаш засекогаш да не ја сечеме гранката на којашто седиме и да имаме почит кон тоа што нè опкружува. Ние сме неразделен дел од природата, нејзин производ, кога ѝ наштетуваме неа си наштетуваме самите“, велат организаторите. 

Ваков настан прв пат се случува во Берово, додека намерно го направиле анонимно, за да нема посетеност и групирање на луѓе поради мерките на претпазливост од Корона вирусот.

  • Прекрасната панорама на нашето Берово од овде заедно со звуците на електронската музика, позитивно ги изненади Беровчани, кои сакаа и ни се јавуваа да дојдат и да дадат поддржка.Но останавме на своето дека нема посетеност и да не се лути никој, за некоја недела кога ќе се подобри ситуацијата, може да стане збор за присуство.Им се заблагодаруваме на сите кои ни помогнаа и им се извинуваме на сите кои не следеа во живо ако имаше некој пропуст од наша страна, сепак толку бевме во можност.

Публикувахте от Андреј Бубевски в Понеделник, 18 май 2020 г.
  Категории:
напиши коментар

1 коментар

  1. dafina
    мај 19, 09:03 #1 dafina

    bravo decki

    Reply to this comment

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.